Top Sport

Ибрахимовиќ се врати на терените и постави нов рекорд

Актуелниот италијански првак Милан триумфираше против Аталанта со 2:0 во натпреварот на кој на терените се врати Златан Ибрахимовиќ. Тој влезе во игра во 74.минута на местото на Оливие Жиру и собори рекорд.

Шваѓанецот на возраст од 41 година и 146 дена, стана најстариот фудбалер на Милан во Серија А откако за победа се добиваат три бода.

Пред Златан, рекордот го држеше Алесандро Костакурта со 41 година и 25 дена.

Ибрахимовиќ за првпат заигра оваа сезона, откако во мај минатата година заработи тешка повреда на коленото.

Scroll to Top