Top Sport

Ибрахимовиќ: Системот може да згреши, Златан не (Видео)

Златан Ибрахимовиќ во американската МЛС лига пристигна како голема ѕвезда,а за за само неколку месеци, со головите и лудите интервјуа, тој статус дополнително го зацврсти.

Секоја средба на Ибрахимовиќ се новинарите се претвора во вистинско шоу. Неодамна, во Лос Анџелс, тој повторно полагал за возачка дозвола, а потоа имал спектакуларна изјава.

„Го положив возачкиот“, рекол Златан, а потоа еден од новинарите го запрашал на колку прашања згрешил.

„Запамтете, Златан не греши. Тоа е невозможно. Системот може да згреши, Златан не. Не беше лесно, ама поминав“, рекол Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ, поради суспензија ќе го пропушти наредниот меч на ЛА Галакси. Инаку, тој беше исклучен против Монтреал, поради удирање на противнички играч.

Scroll to Top