Top Sport

Симонс и Мичел во првата, Богдановиќ во втората руки петорка (Видео)

Бен Симонс од Филалдлефија и Донован Мичел од Јута Џез едногласно се избрани во најдобрата руки петорка во НБА лигата. Глас помалку од максималните 100 добил кошаркарот на Бостон Селтикс Џејсон Тејтум.

Покрај овие тројца во најдобрата руки петорка се најдоа уште Кајл Кузма од ЛА Лејкерс (93 гласа) и Финецот од Чикаго Булс, Лаури Марканен (76 гласа).

Членовите на жирито на своите ливчиња требало да напишат по пет имиња за првата и пет имиња за втората петорка. Место во првата петорка носело два, а во втората петорка еден бод.

Според тие гласови (бодови), одредена е и втората руки петорка на сезоната. Во неа се Србинот од Сакраменто Кингс, Богдан Богдановиќ, Лонзо Бол од ЛА Лејкер, Џон Колинс од Атланта Хокс, Денис Смит јуниор од Далас Маверикс и играчот на Феникс Санс, Џош Џексон.

Инаку на 25.јуни, во Санта Моника, ќе биде доделена наградата за најдобриот дебитант оваа сезона во НБА лигата. Според стручњаците во конкуренција се тројца од најдобрата руки петорка: Мичел (Јута), Симонс (Филаделфија) и Тејтум (Бостон).

Scroll to Top