Top Sport

Ибрахимовиќ уште не е убеден во останувањето во Милан

Обновувањето на договорот на Златан Ибрахимовиќ со Милан по крајот на сезоната станува сè понеизвесно, тврди италијанскиот „Калчомеркато“, првично поради ситуацијата со корона вирусот, а потоа и поради нестабилноста на плановите на „росонерите“.

Ибрахимовиќ се врати во Шведска со своето семејство, чекајќи го враќањето на фудбалските терени, добивајќи дополнително време да размисли, иако според „Калчомеркато“ потребен е само еден услов – Милан да изгради тим за висок пласман.

Ибра нема намера да помине уште една сезона во клуб со ниски амбиции и со нејасен проект за иднината, и затоа ќе чека за реакција од клубот, кој пак е задоволен од тоа што го носи шведскиот ветеран на теренот.

Scroll to Top