Top Sport

Галата не успеа да го „собори“ Бешикташ

Додека во речиси цела Европа фудбалот е на пауза, во Турската Суперлига денеска на програмата беше истанбулското дерби помеѓу Галатасарај и Фенербахче, кое пред празните трибини на „Турк телеком“ разочара и донесе само 0:0.

Со ова се продолжи низата на десет меча без пораз на тимот на Фатих Терим, но во исто време не успеаја да ја искористат шансата да се доближат до врвот на табелата откако претходно лидерот Трабзонспор одигра само 1:1 со Башакшехир.

Со овие резултати, Трабзонспор останува прв со 53 поени, колку што има и Башакшехир на второто место, додека Галата е трета со 50 поени. Бешикташ е на петтото место со 44 поени.

Scroll to Top