Top Sport

Ибрахимовиќ воодушевен од Конате, му го побарал дресот по натпреварот

Милан, во вторникот, не успеа да го победи Ливерпул. Со поразот 1:2, Милан ја заврши сезоната во Лигата на шампионите. Ливерпул ја освои Б-групата со максимален број на поени.

Голот за Милан го постигна играчот од обраната, Фикајо Томори. Напаѓачите не успеаја да ја пробијат одбраната на Ливерпул, во која ги немаше Ван Дајк и Матип.

Ибрахим Конате и Нејт Вилијамс одиграа речиси совршен натпревар. Особени импресивен беше 22-годишниот Конате.

Тој доби пофалби од Ибрахимовиќ, а по мечот Швеѓанецот побарал да ги сменат дресовите.

„Ме победи во сите дуели на теренот, дури и во воздушните. Му кажав дека кога успеал мене да ме сопре, може тоа да го направи со секој напаѓач. Му кажав да не ги заборава овие мои збориви, бидејќи ќе стане светска класа на својата позиција“, рекол Ибрахимовиќ.

Scroll to Top