Top Sport

Ибрахимовиќ за МЛС-лигата: Јас сум како ‘Ферари’ против ‘Фиат’

Еден од најдобрите напаѓачи во овој век, Златан Ибрахимовиќ, во интервју за ЕСПН говорел и за квалитетот на американската МЛС-лига. Ибрахимовиќ повеќе од една година игра во САД.

Оваа сезона поранешниот шведски репрезентативец има одличен учинок од 13 гола и три асистенции на 16 одиграни натпревари за Лос Анџелес Галакси. Во интервјуто тој рекол дека МЛС-лигата според квалитетот е далеку од некои европски првенства во кои имал можност да игра.

„Искерено, МЛС нема европско ниво. Претходно играв со играчи што се на моето ниво или блиску до него. Тоа помага полесно да се поврзува играта. Овде, јас сум како ‘Ферари’ наспроти ‘Фиат’. Истиот проблем го имав и во националниот тим, само не во вакви размери. Реков, не го прифаќам ова. Не ја прифаќам ситуацијата кога топката не доаѓа до мене или доаѓа предоцна. Сакав тие да дојдат до моето ниво. Ова овде малку е бавно. Играта во Америка може да биде побрза, да биде тактички подобра и со многу повеќе ритам“, рекол поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Милан, Интер, Барселона, Ајакс.

Scroll to Top