Top Sport

Наместо во Ливерпул ќе заврши во Бетис

Пред една година Ливерпул на Олимпик Лион им понудија 60 милиони евра за капитенот на овој тим Набил Фекир. Фудбалерот замина на лекарски прегледи во Ливерпул, но трансферот не доби реализација, наводно „црвените“ се обиделе да ја спуштат цената што не му се допаднало на првиот човек на Лион, Жан-Мишел Ола.

Една година подоцна Олимпик Лион повторно го продаваат Фекир, сега за двојно помала цена. Шпанските медуми тврдат дека са сума помеѓу 25 и 30 милиони евра Фекир ќе се пресели во Бетис.

Според истите извори светскиот првак со Фрација ќе потпише пет годишен договор, а по сезона ќе заработува седум милиони евра.

Парите за трансферот на Фекир во Бетис треба да ги обезбедат со продажбата на Џовани Ло Селсо во Тотенхем. Тој трансфер треба да изнесува околу 70 милиони евра.

Scroll to Top