Златан Ибрахимовиќ открил дека ќе го напушти клубот. Ветеранот одлуката ја обрасложил со зборовите дека „клубот не е на нивото на кое тој очекувал дека ќе биде“. Ибрахимовиќ пред шест месеци се врати во Милан.
„Ибра секогаш игра за да освои нешто. Во спротивно тој останува дома. Во Милан ме донесоа емоциите, играм речиси бесплатно. Оваа ситуација со коронавирусот запре се, можеби тоа ми говори дека треба да ја завршам кариерата“, рекол Ибрахимовиќ за „Газета дело Спорт“.
„Ибрахимовиќ е роден да игра фудбал и тоа го прави добро. Видовме во овој два месеци како го прави тоа. Ќе видиме што ќе се случи. Искрено тешко дека ќе ме видите во Милан и наредната сезона“.
Поранешниот ас на Ајакс, Интер, Јувентус, Барселона блеснал и со констатацијата на новинарот дека Ралф Рагник ќе биде тренер наредната сезона наместо Стефано Пиоли.
„Кој е тиа? Јас не знам кој е тој човек“.