Top Sport

Ибраими го елиминира Вардар од Купот на Македонија

Шкендија го доби Куп-дербито со Вардар и се пласираше во четврт-финалето. Првиот натпревар заврши со резултат 2:2, а денешниот реванш во Тетово го реши поранешниот репрезентативец Агим Ибраими.

Шкендија преку Вардар остана во трката за трофејот во Купот, додека Вардар го продолжи постот во најмасовното натпреварување. Вардар од сезоната 2006/2007 нема титула во Купот на Македонија.

Решавачкиот момент на стадионот во Тетово се случи во 74 минута, кога Агин Ибраими му избега на својот чувар и успеа да го совлада најобриот играч на Вардар, голманот Филип Гачевски.

Резултати:

Струга-Борец 1:0 (прв натпревар 0:0)
Работнички-Пелистер 4:0 (0:1)
Осогово-Академија Пандев 1:4 (0:3)
Македонија ЃП-Брегалница 0:0 (0:1)
Охрид-Лабуништа 2:3 (0:2)
Шкендија-Вардар 1:0 (2:2)
Силекс-Шкупи 1:1 (0:0)

Пласман во четврт-финалето изборија Струга, Работнички, Академија Пандев, Шкупи, Шкендија, Лабуништа, Брегалница.

Четврток, 31 октомври:

Ренова-Тивеш

Scroll to Top