Џанлуиџи Буфон, вчера објави дека нема да го продолжи договорот со Јувентус и дека по завршувањето на сезоната, втор пат во кариерата ќе го напушти клубот.
Во чест на Буфон, порталот „Livescore“, го објави идеалниот тим составен од неговите соиграчи од репрезентацијата и клубовите за кои настапувал (Парма, Јувентус, ПСЖ).
Во екипата покрај Буфон се: Лилијан Тирам, Фабио Канаваро, Алесандро Неста, Паоло Малдини – Андреа Пирло, Павел Недвед, Роберто Баџо, Алесандро Дел Пјеро – Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе.
Инаку, 43-годишниот Буфон, не соопшти дали заминувањето од Јувентус значи и крај на неговата кариера.
Џиџи Буфон е рекордер во Серија А, досега во кариерата одиграл 656 натпревари.