Top Sport

Идеалниот тим на УЕФА составен од млади играчи

Европската фудбалска унија – УЕФА на својот официјален профил на „Твитер“ го објави тимот на годината во Лигата на шампионите составен од млади фудбалери.

УЕФА овој тим го составиле според два критериуми, играчот не смее да има повеќе од 24 години и да дебитирал во Лигата на шампионите во 2019 година или претходно да имал само ограничено искуство во ова натпреварување.

Во најдобрата постава се најдоа фудбалери од Наполи, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен, Лајпциг, Атлетико, Генк, Баерн Минхен, Реал, Динамо Загреб, Салцбург и Интер.

Најдобрата млада постава во Лигата на шампионите изгледа вака:

Голман: Мерет (Наполи)

Одбрана: Хакими (Дортмунд), Павар (Баерн), Упамекано (Лајпциг), Рена Лоди (Атлетико)

Среден ред: Берге (Генк), Хаверц (Леверкузен), Дани Олмо (Динамо)

Напад: Родриго (Реал), Лаутаро (Интер), Халанд (Слацбург).

Scroll to Top