Top Sport

Крис казнет поради грубиот прекршок врз Дончиќ (Видео)

НБА-лигата го казни кошаркарот на Голден стејт Вориорс Маркис Крис со 35.000 долари, поради грубиот прекршок што го направил врз играчот на Далсс Маверикс Лука Дончиќ на натпреварот помеѓу овие два тима.

Далас лесно го добија дуелот со Голден стејт (141:121) пред три дена, а дуелот го обележа грубиот прекршок на Крис врз Дончиќ во третата четвтина. Играчот на Вориорс го фрли на подот младиот Словенец.

„Постоеше физички контакт. Но вакви работи се случуваат во кошарката, треба да продолжиме“, рекол Дончиќ по натпреварот.

НБА наведува дека Крис е казнет бидејќи веќе бил под снакции поради грубата игра.

Како играч на Кливленд Кавалирс, Крис, бил суспендиран на еден натпревар поради слична ситуација, а како играч на Финикс Санс бил парично казнет со 25.000 долари.

Scroll to Top