Според италијанскиот весник „Кориере дело спорт“, до 27 мај ќе стане јасно дали Андреа Ањели ќе остане претседател на Јувентус по фијаското околу неуспешниот обид за стартување на Европската Суперлига, каде што тој, заедно со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез беа клучни луѓе.
На 27 мај во Торино ќе има состанок на акционерите на компанијата „Ексор“, семејната холдинг-компанија на семејството Ањели, која покрај други бизниси, е сопственик и на Јувентус (и на Фиат и на Ферари). Шефот на „Ексор“, Џон Елкан ќе ја донесе одлуката по проценката на ситуацијата во Торино.