Top Sport

Иднината на Геце во Дортмунд останува неизвесна

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк призна дека нема одлука за иднината на Марио Геце во германскиот клуб. Договорот на 27-годишниот Геце завршува на крајот на сезоната и откако имаше само пет старта во Бундеслигата оваа сезона, шпекулациите велат дека тој бара нов клуб.

Геце, кој има 63 настапи за германската репрезентација, по вторпат е во Дортмунд, откако ја освои титулата двапати со „милионерите“ пред да направи трансфер во Баерн Минхен. По враќањето, тој не успеа да ја врати блескавата форма, но Цорк вели дека уште преговараат.

„Нема одлука. Тој секако би сакал да игра повеќе и зборуваме со него и со неговиот татко. Напролет ќе донесеме конечна одлука“, вели Цорк.

Scroll to Top