Top Sport

„Иднината на Јувентус е со Роналдо во тимот“

Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи, нема дилема дека Кристијано Роналдо ќе остане во клубот.

Шпекулациите дека 35-годишниот напаѓач, ќе го напушти Јувентус, се појавија минатата недела, кога Јувентус доживеа шокантна елиминација од Лигата на шампионите. Наводно, Роналдо, веќе добил понуда да се врати во Реал.

„Кристијано е иднината на Јувентус. Сигурен сум дека тоа е така. Привилегија е да г имате во клубот. Уживаме во соработката со него, среќни сме што во клубот имаме таков шампион“, рекол Паратичи.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња има договор со Јувентус до 30.јуни 2022 година.

Scroll to Top