Top Sport

Идолот Џулија Робертс му честиташе на Гвардиола

Холивудската ѕвезда Џулија Роберт овојпат се потсети на Пеп Гвардиола и Манчестер сити, честитајќи му на шпанскиот тренер за побдата во финалето на Лигата на шампиони.

„Честитки, Пеп Гвардиола, што го предводеше својот тим до титулата од Лигата на шампионите“, напиша Робертс на Инстаграм.

Оваа честита дојде откако Гвардиола неколку пати изјавуваше дека Робертс му е најомилената актерка и дека бил разочаран што не се сретнал со неа кога таа пристигнала во Манчестер, но отишла на гости кај градските ривали, Манчестер јунајтед.

„Имам три идоли во животот: Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Џулија Робертс. Со Џордан и Вудс се имам среетнато, но пред неколку години, а не во ерата на Сер Алекс, таа дојде во Манчестер и го посети Манчестер јунајтед. Не дојде кај нас“, изјави неодамна Робертс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts)

Гвардиола не може да сфати само една работа, како Џулија Робертс оди на „Олд Трафорд“

Scroll to Top