Top Sport

ИФАБ ги смени правилата за играње со рака во фудбалот

Интернационалниот борд на фудбалски асоцијации (ИФАБ) направи промена на правилата за игра со рака во фудбалот од 1 јули, со кои „случајно играње со рака кое ќе придонесе соиграч да постигне гол веќе нема да биде прекршок“.

ИФАБ, бордот каде што членуваат британските фудбалски асоцијации и ФИФА, е единствено валидно тело кое ги утврдува правилата на фудбалска игра, и ова ревидирано правило ќе влезе во сила од 1 јули.

„Интерпретацијата на случаите со играње со рака не е постојана и затоа се случуваат погрешни одлуки. Членовите на бордот потврдија дека не секое допирање со рака на фудбалер е прекршок. Во однос на критериумот за тоа дали со раката/дланката телото на фудбалерот станува ‘неприродно поголемо’, потврдено е дека судиите ќе продолжат да прават проценка за позицијата на раката/дланката при специфични ситуации. По ова разјаснување – прекршок со играње со рака е кога фудбалерот:

– намерно ја допре топката со раката/дланката, на пример, со движење на раката/дланката кон топката;

– ја допира топката со раката/дланката со тоа што го прават телото неприродно големо. Фудбалер го прави телото неприродно големо кога позицијата на раката/дланката не може да се оправда со движењето на телото во специфичните ситуации. Со рака/дланка во ваква позиција, фудбалерот сам предизвикува ризик да биде казнет;

– постигне гол директно од раката/дланката, дури и случајно, или веднаш откако топката беше допрена со раката/дланката, дури и случајно“, се вели во одлуката на ИФАБ.

Scroll to Top