Хрватскиот тренер Игор Тудор ја прифатил понудата на Андреа Пирло да му биде помошник на клупата на Јувентус, пишува Џанлука Ди Марцио, најупатениот италијански новинар кога се трансферите во прашање.
Тудот со понудата на 41-годишниот Пирло веднаш ги запознал челниците на хрватски Хајдук каде што е актуелен кормилар.
Се чини дека Тудор не размислувал многу за понудата да тренира ѕвезда од калибарот на Кристијано Роналдо и да биде на клупа заедно со еден од најдобрите светски плејмејкери на сите времиња (Пирло).
Легендата на „Старата дама“, Алесандро Дел Пиеро неодамна рече дека Пирло ги има сите карактеристики да стане подобар тренер од Зинедин Зидан.
Се уште се чека официјална објава на веста, но се чини дека со сигурност Тудор го напушта „Пољуд“.
Минатата сезона Хајдук го водеше до 5. Место во хрватското првенство.