Top Sport

Клоп: Ако не ми фали фудбалот, тогаш е крај со тренерската кариера!

Германскиот стратег на кормилото на Ливерпул уште отсега има планови за иднина, по завршувањето на авантурата со „црвените“. Тој изјави дека по завршувањето на договорот во 2024 година, ќе земе една година пауза и тогаш ќе види дали фудбалот му недостасува или не.

„Ќе одморам една година и ќе се запрашам дали фудбалот ми недостасува. Ако кажам не, тогаш тоа ќе е крај за тренерот Јирген Клоп. Кога ќе престанам да бидам тренер, знам дека една работа страшно многу ќе ми недостасува – напнатост непосредно пред мечот“ – изјави Германецот.

Клоп имаше план да направи една година пауза и во 2015 година, кога го напушти кормилот на Борусија Дортмунд, но сметаше дека привлечноста на понудата од Ливерпул е премногу примамлива, па се откажа од својот план, и не се покаја.

Scroll to Top