Top Sport

Игор Тудор се договорил со Лацио

Фудбаскиот клуб Лацио, во понеделникот остана без тренер, откако првиот човек Клаудио Лотито ја прифати оставката која ја поднесе Маурицио Сари. Викендов, против Фросиноне, Лацио ќе го предводи помошникот на Сари, Џовани Мартучиело.

Италијанските медиуми тврдат дека Игор Тудор ќе го преземе Лацио. Синоќа, во отсуство на неговиот менаџер Антонио Сериќ, Тудор наводно се сретнал со претседателот на Лацио и спортскиот директор Маријано Фабијани и ги договорил сите детали од договорот.

Се очекува Хрватот да потпише 18-месечен договор со опција за продолжување на уште една сезона.

Тудор треба да го преземе тимот на почетокот на следната недела. Лацио моментално е деветти во Серија А со 40 бодови од 28 натпревари, седум помалку од местата кои водат во Европа.

Игор Тудор е без работа од јуни минатата година кога го напушти Олимпик Марсеј. Претходно ги водеше Верона, Хајдук, Удинезе, Галатасарај, Карабукспор и ПАОК.

Scroll to Top