Top Sport

Играч на Ајнтрахт го разнесе противничкиот тренер (Видео)

Несекојдневен инцидент се случи на натпреварот помеѓу Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт одигран вечерва во Бундес лигата. Мечот заврши со триумф на Фрајбург 1:0, меѓутоа германската јавност е шокирана од она што се случи во последните моменти од натпреварот.

Фудбалерот на Ајнтрахт, Аргентинецот Давид Абрахам во обид што побргу да ја земе топката која заврши надвор од теренот го разнесе тренерот на Фрајбург крај аут линијата.

Како по команда потоа целата клупа на Фрајбург се стрча кон Анрахам, а епилогот од оваа ситуација е црвен картон за Абрахам и црвен картон за фудбалерот на Фрајбург Грифоу.

Инаку Фрајбург победија со голот на Петерсон во 77 минута. Ајнтрахт целото второто полувреме го одиграа со играч помалку, откако во 45 минута поради два жолти картони беше исклучен Фернандез.

Scroll to Top