Top Sport

Рома падна во Парма (Видео)

Парма на „Енио Тардини“ ја запре серијата од три победи во која се наоѓаа фудбалерите на Рома. Вечерва Парма победи 2:0 со головите на Спрокати и Корнелуис.

Резервниот напаѓач Спрокати се претвори во вистински херој на Парма. Тој во на теренот влезе во финишот на првиот дел кога се повреди Жервињо.

Токму Спрокати го постигна првиот гол на мечот во 68 минута, а истиот играч во 93 минута му асистираше на Корнелуис за вториот гол.

Рома не ги искористи своите шанси. При резултат 0:0 Коларов го погоди дирекот, а во самиот финиш во 85 минута Сепи го одбрани ударот на Ундер.

Рома со 22 бода се наоѓа на шестото место, додека Парма е на осмата позиција со 17 поени.

Scroll to Top