Top Sport

Играч на Аталанта го засили Каљари

Калјари започна со реконструкцијата на тимот, со надеж дека ќе успее да опстане во Серија А. Најискусните во тимот Годин, Касерес, Дамберт и Стротман се пречкртани, тие добија дозвола да ја напуштат Сардинија.

Каљари, во понеделникот, на позајмица од Аталната го донесе Матео Ловато. Младиот дефанзивец, во летниот преоден рок за 7.000.000 евра пристигна во Бергамо од Верона. Поради жестоката конкуренција на неговата позиција тој не доби шанса од тренерот Гасперини.

Во Аталната процениле дека најдобро за него ќе биде пролетниот дел од сезоната да го мине во клуб каде што ќе игра редовно. Каљари му ја понудил таа можност.

Аталанта има големи планови со Ловато и тој по завршувањето на сезоната ќе се врати во Бергамо.

Каљари сега преговараат со Сасуоло за Едуардо Годанига, кој треба да му биде партнер на Ловато во одбраната.

Scroll to Top