Top Sport

Играч на Наполи има коронавирус

Фудбалерот на Наполи кој како позајмен играч сезоната ја мина во СПАЛ, Андреа Петања е позитивен на коронавирусот, потврди клубот од „Сан Паоло“.

Наполи го купија Петања во зимскиот преоден рок и веднаш потоа му го позајмија на СПАЛ. Иако е играч на Наполи Петања се уште нема одиграно ниту еден натпревар за клубот од јужниот дел на Италија.

„Андреа е позитивен на Ковид-19. Му препорачавме да се тестира откако неговиот брат имаше позитивен тест. Петања нема никакви симптоми, се наоѓа во карантин, ќе ни се приклучи кога ќе има негативен тест“, соопшти Наполи.

Петања има 25 години, за СПАЛ минатата сезона постигна 12 голови. Наполи за неговиот трансфер издвои 17 милиони евра.

Scroll to Top