Тијаго Силва (36) в недела ќе го одигра последниот натпревар во дресот на ПСЖ. Бразилецот со капитенската лента на раката ќе го предводи својот тим во финалниот меч во Лигата на шампионите против Баерн Минхен. По финалето во Лисабон Тијаго Силва ќе замине како слободен играч.
Интерес за искусниот дефанзивец покажуваат неколку европски клубови, но како што стојат работите тој ќе се врати во Италија. За Силва се заинтересирани неговиот поранешен клуб Милан и Фиорентина.
Фиорентина испратиле конкретна понуда до менаџерот на фудбалерот. Тие за две годишен договор му понудиле осум милиони евра.
Тијаго Силва има титула во Италија со Милан, а во кариерата со ПСЖ освоил 25 трофеи.