Top Sport

Играч на Осасуна „поршето“ од 300.000 евра го здроби во столб (фото)

Фудбалерот на шпанскиот прволигаш Осасуна, Рубен Гарсија (26) имал среќа што останал жив откако со голема брзина со својот автомобил удрил во столб. Неговото „порше“ вредно 300.000 е здробено од силината на ударот.

Несреќата се случи синоќа кога Гарсија „дивеел“ по улиците на Памплона, а поради мал знак на невнимание дошло до несреќата.

Полицијата во Памплона на Твитер објави фотографија од автомобилот.

„Улиците во нашиот град не служат за трки и проба на брзината. Ако возите брзо, ќе завршите како овој ќовек. Овојпат немаше никакви повреди, но во иднина мора да се избегнуваат вакви работи. Автомобилите служат за превоз, не за забава“ порачаа од полицијата во Памплона.

По несреќата. Фудбалерот бил негативен на алко-тестот, па избегна поголеми проблеми.

Утре најверојатно ќе биде во составот на екипата на дуелот против Валенсија.

Scroll to Top