Top Sport

Гигс: Го гледав напредокот на Роналдо, но Меси е гениј!

Велшанецот Рајан Гигс, поранешниот легендарен фудбалер на Мансчестер Јунајтед го кажа своето мислење на темата „Роналдо или Меси“.

Гигс во манир на дипломат се обиде да ги изедначи двајцата фудбалски асови, но сепак даде интересен осврт на вечната дилема кој е подобар, Португалецот или Аргентинецот.

„Би сакал да кажам дека тоа е Кристијано затоа што играв со него и го гледав неговиот напредок, но Меси е гениј – невозможно е да се споредуваат. Меси е играч кој се гледа еднаш во животот“ – рече Гигс кој му беше соиграч на Роналдо од 2003 до 2009 година во Манчестер Јунајтед.

Екс-фудбалерот во интервју за „ДАЗН“ го прокоментира и статусот на неговиот сонародник, Герет Бејл во Реал Мадрид.

„Од страна гледано делува чудно што Бејл, кој има таков квалитет и кој ја освојувал Лигата на шампиони, има таков статус. Беше важен дел од успесите на мадрискиот тим. Добро соработуваме и во селекцијата на Велс, капитен е, голем професионалец“ – вели Гигс.

Scroll to Top