Top Sport

Играчите го убедиле Колман да остане селектор

Селекторот на Велс Крис Колман е подготвен да преговара со националниот Сојуз околу потпишувањето на новиот договор, објави „Скај Спорт“.

Првично, Колмен сакаше да ја напушти функцијата бидејќи со репрезентацијата не успеа да се квалификува на Светското првенство во Русија, ниту пак да избори место во баражот.

Велс квалификациите во Д групата ги заврши зад Србија која директно се пласира во Русија и Република Ирска која ќе игра бараж против селекцијата на Данска.

Според истиот извор, фудбалерите предводени од Герет Бејл го убедиле селекторот да остане на функцијата.

Колман ја има довербата од челниците на Сојузот, особено откако успеа најпрвин да се пласира на Европското првенство минатата година, каде Велс стигна до полу-финалето.

Крис Колман веќе пет години ја предводи репрезентацијата на Велс.

Scroll to Top