Top Sport

Играчите му го свртиле грбот на Валверде

Актуелните шампиони на Шпанија фудбалерите на Барселона катастрофално ја отворија новата сезона. Имаат веќе два порази во првите пет кола и само осум освоени бода. Во саботата Барселона забележа пораз од Гранада 2-0.

Каталонскиот весник „Спорт“ анализирајќи ја ситуацијата пишува дека кризата на Барселона траела уште од дебаклот во Ливерпул, во полу-финалето во Лигата на шампионите. Според овој извор ниту преодниот рок не бил одработен онака како што треба.

Навивачите на Барселона бараат Ернесто Валверде да добие отказ, а „Спорт“ тврдат дека тренерот целосно ја загубил довербата на своите фудбалери. Она што не можат да го разберат навивачите и аналитичарите е зошто Валверде се уште ја има поддршката од клупските челници.

Играчите се надевале дека Валверде ќе го напушти клубот бидејќи не се вклопил и не ја прифатил клупската филозофија. Барселона изминатите години драстично го смени стилот на играта.

„Спорт“ прогнозира дека доколку Валверде добие отказ дека двајца кандидати постојат за негов наследник. Првиот е поранешниот тренер на Бетис, мКике Сетиен, а вториот е легендарниот Чави Ернандез.

Scroll to Top