Top Sport

Играчите на Барса и Реал се најплатени спортисти во светот

Фудбалерите на шпанските фудбалски великани Барселона и Реал Мадрид, односно на најтрофејниот италијански клуб Јувентус се најдобро платените спортисти во светот.

Листата ја предводи Барселона со просечна плата на фудбалерите од 12,8 милиони долари. просечната плата во Реал изнесува 11,6 милиони евра, додека Јувентус е на третото место со 10,54 милиони долари.

Во Топ 20 на оваа листа има уште два фудбалски клуба, на 12 место е Пари Сен Жермен, а на 13 Манчестер сити, пренесува „ЕСПН“.

Инаку од четвртото до десеттото место на листата се клубовите од НБА-лигата. На четвртото место се Портланд Трејлблејсерс со 10,4 милиони долари, а на петтото место се Голден стејт Вориорс (10,28 милиони долари).

Десеттото истражување на платите во светот на спортот го спровеле „sportingintelligence.com“

Во истражувањето не се пресметани бонусите и другите додатоци во платите што ги имаат спортистите.

Scroll to Top