Top Sport

Играчите на Барса им се вратија на тренинзите

Фудбалерите на Барселона во петокот го одржаа првиот тренинг во базата на клубот, соопшти прес-службата на Барселона. На клупскиот профил на социјалната мрежа „Твитер“ објавени се неколку фотографии од тренингот.

„Се вративме на работа“, пишува на „твитот“.

Претходно фудбалерите биле тестирани на коронавирусот. Сите тестови биле негативни.

Шпанското првенство би требало да продолжи на 20 јуни. Барселона се наоѓа на првото место со два поени повеќе од Реал. До крајот на сезоната во Ла Лига остана уште 11 кола.

Scroll to Top