Top Sport

Играчите на Дерби со „двоглед“ му се одмаздија на Бјелса

Фудбалерите на Дерби Каунти ќе играат во баражот за пласман во Премиер лигата. Тие, како гости, успеаја да го победат Лидс со 4:2 и со вкупен резултат 4:3 одат во финалето каде ги чека Астон Вила. По мечот на „Еланд Роуд“ тие со својата прослава на некој начин му се одмаздија на тренерот на Лидс, Марсело Бијелса.

Аргентинскиот тренер, на почетокот на оваа година призна дека ги испраќал своите соработници да го следат тренинзите на сите тимови. Овој скандал беше откриен токму пред мечот со Дерби Каути во првенството.

Играчите на Дерби по пласманот во финалето гестикулираа дека држат двоглед и на тој начин му се одмаздија на Бјелса.

Scroll to Top