Top Sport

Реал ги започнале преговорите со Мо Салах?

Реал Мадрид започнале преговор со Мохамед Салах, тврди Филип Карајон, новинар на францускиот Канал плус.

„Не е само Еден Азар желба на Зинедин Зидан. Постојат одредени контакти помеѓу Реал и Мохамед Салах“, тврди Карајон.

Ова тврдење на францускиот новинар досега не поддржано од ниту еден друг медиум. Доколку Азар и Салах го засилат Реал тоа значи дека играта на „кралскиот клуб“ ќе добие една друга димензија.

Реал во преодниот рок подготвува реконструкција на тимот, а наводно претседателот Флорентино Перез обезбедил 540 милиони евра, кои ќе бидат потрошени на нови играчи.

Мохамед Салах две години е во Ливерпул, за „црвените“ има одиграно103 натпревари на кои постигнал 70 гола.

Scroll to Top