Top Sport

Играчите на Харингеј и Јеовил го напуштиле теренот поради расистички навреди (Видео)

Натпреварот во квалификациите за ФА купот помеѓу Харингеј Бороу и Јеовил не заврши, откако домашните фудбалери поради расистички навреди го напуштиле теренот во 64 минута, а нивниот пример го следеле и гостите.

На инцидентот му претходел пеналот кој за Јеовил го реализирал Рајс Марфи. Потоа започнале расистичките повици кон голманот на домашниот тим Даглас Пајетат.

Домашните играчи веднаш го напуштиле теренот, а пот нив кон соблекувалните тргнале и играчите на Јеовил.

„Јеовил целосно ги поддржува играчите на Харингеј, заедно сме во ова. Сакаме да се знае дека го осудуваме ваквото однесување на навивачите. Играчите и тренерите се навикнати да бидат злоставувани на разни начини, но некаде мора да постои граница. Не смееме да дозволиме расна дискриминација“, изјавил за Би-би-си менаџерот на Јеовил Дарен Сарл.

„Доколку бидам казнет и исфрлен нека биде така, гајле ми е“, порачал голманот на Харингеј.

Scroll to Top