Top Sport

Раул Гонзалес и ПСЖ поразени во Барселона

Барселона го доби дербито на колото во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен со 36:32. За Пари Сен Жермен ова е првиот пораз во новата сезона. Тренерот на ПСЖ, Раул Гонзалес, на овој меч не можеше да смета на Хансен и Сагосен.

Во „Блауграна“ Барселона направи голем чекор кон обезбедување на првата позиција во А-групата во Лигата на шампионите. Пари Сен Жермен ја контролираа играта и стоеја подобро на теренот само во првите 15 минути. Имаа гостите предност 10:12, на што Барселона одговори со серија од четири гола, а по 30 минути домаќините водеа 19:15.

Во вториот дел се очекуваше ПСЖ да одговорат на предизвикот, но надежите за евентуален пресврт им ги згасна голманот Де Варгас кој само во второто полувреме имаше 11 одбрани (мечот го заврши со 15 интервенции).

Најефикасни кај Барселона беа Абелјо со осум, Мем со шест и Арињо со пет гола. Кај ПСЖ се истакнаа пикерите Лука Карабатиќ и Шипжак со осум односно пет гола.

По пет кола во А-групата Барселона и ПСЖ имаат по осум бода.

Scroll to Top