Top Sport

Играчите на Интер се откажале од бонусите за титулата

Фудбалерите на Интер се откажале од премиите кои им следуваат за освоената титула во Серија А. На пет кола до крајот, Интер само чудо може да го спречи да не ја освои првата титула по пауза од 11 години.

Интер се наоѓа во лоша финансиска ситуација, минатата сезона клубот пријави минус од 100 милиони евра, а мнозинскиот сопственик „Сунинг“, го понуди клубот на продажба за 900 милиони евра.

За да му помогнат на клубот, фудбалерите се договориле да се откажат од бонусите за титулата.

Scroll to Top