Тренерот на Верона, Иван Јуриќ со својот тим, успеа непоразен да го напушти стадионот на Јувентус. Верона, синоќа, одигра 1:1 против актуелниот шампион. Клубот од „градот на Ромео и Јулија“, по пауза од 32 години освои бод на теренот на Јувентус.
Хрватскиот тренер по натпреварот не ги штедел комплиментите за неговите фудбалери.
„Екипата ни е полна со млади играчи. Но без оглед на тоа и фактот што игравме кај најдобриот тим во државата, тие покажаа неверојатен дух, играа како во транс. Јас им се заблагодарувам поради тоа“, рекол Јуриќ.
Новинарите ги интересирало зошто толку жестоко реагирал на дофрлањата од страна на фудбалерите на Јувентус.
„Ме навредуваа бидејќи сум Балканец, се смееја на моето потекло, морав да им одговорам“, открил поранешниот тренер на Мантова и Џенова.