Top Sport

Играчите на Наполи плачеле во соблекувалната

Наполи синоќа со победата над Генк (4:0) го потврди пласманот во осмина-финалето, во Лигата на шампионите. Сепак атмосферата во соблекувалната на тимот по натпреварот била и повеќе од тажна. Причината е отказот што го доби тренерот Карло Анчелоти.

Играчите се свесни дека тие се најмногу виновни за кризата во која се наоѓа клубот во последните 30 дена. Поради тоа неколкумина од нов плачеле кога дознале дека претседателот Аурелио Де Лаурентис го отпуштил тренерот Анчелоти.

Залудно било и што по натпреварот Калиду Кулибали и Пјотр Зјелински јавно го поддржаа Анчелоти.

Карло Анчелоти, според медиумите, наскоро ќе се најде на новото работно место во Англија (Арсенал или Евертон), додека во Наполи ќе пристигне Џенаро Гатузо.

Scroll to Top