Top Sport

Карлос Вела добил понуда од Барселона

Барселона испратиле понуда до Карлос Вела, тврди соиграчот на Мексиканецот во Лос Анџелес ФЦ, Џовани дос Сантос.

„Бидејќи сум на одмор не сме во контакт со Вела, меѓутоа знам дека има понуда од Барселона. Не знам што ќе направи. Тој е среќен во Лос Анџелес. Имаше спектакуларна сезона, но кога имаш понуда од Барселона“, рекол Дос Сантос.

Барселона бара играч што може да игра во врвот на нападот, односно некој што ќе му биде замена на Луис Суарез.

Вела сезонава за својот тим одигра 36 натпревари на кои постигна 38 гола.

Scroll to Top