Утре ќе се одигра дербито во француската Лига 1 помеѓу двете моментално водечки екипи на табелата. Првопласираниот ПСЖ ќе гостува на „Велодром“ во Марсеј.
Екипата на ПСЖ, во спектакуларна атмосфера, го одработи последниот тренинг на „Паркот на Принцовите“ пред да замине за Марсе.
Тренингот на ѕвездите на ПСЖ го следеа 35.000 навивачи. Тие запалија факели, развиорија транспаренти и со гласна песна ги поддржаа своите играчи пред тешкото гостување.
Во пресрет на натпреварот ПСЖ води на табелата со 57 бода, пет повеќе од Марсеј. Со евентуална победа, Марсеј би се вратиле во трката за шампионската титула.
~35,000 PSG fans on the last training session yesterday before the "clasico" against Marseille tomorrow 👏🏻🇫🇷 pic.twitter.com/C8Nb7KAaGc
— 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 (@thecasualultra) February 25, 2023