Top Sport

Играчите на Реал ја слават победата, сите ја коментираат реакцијата на Бејл

Со неверојатен пресврт, Реал Мадрид успеа да слави со 3:2 против Севиља во натпреварот од 32. коло на Ла Лига и со тоа се доближи до титулата.

Клубот од Андалузија водеше со 2-0 во првото полувреме, а во второто Лос бланкос постигна три гола, последниот во 92.минута со кој победија на „рамон Санчез Писхуан“.

Играчите на Реал знаеја да ја прослават победата во соблекувалната, но во јавноста особено беше забележлива реакцијата на еден играч.

Станува збор за Герет Бејл, кој не играше на натпреварот и немаше причина да се радува со соиграчите.

 

Scroll to Top