Top Sport

Клоп: Само победа е опција во дуелот со Јунајтед

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, најавува победа против Манчестер јунајтед во Премиер лигата. Јунајтед утре ќе гостува на „Енфилд“.

Натпреварот од 30.коло е исклучително важен за двата тима, Ливерпул да ја продолжи трката со Манчестер сити за шампионската титула, а Манчестер јунајтед да остане во конкуренција за освојување на четвртото место.

„Знаеме со колкава желба Јунајтед доаѓаат на „Енфилд“, знаеме дека бодовите им се неопходни за пласман во Лигата на шампионите. Сепак тие бодови ќе мора да ги бараат на некое друго место“, рекол Клоп.

Натпреварот ќе започне во 21 часот.

Scroll to Top