Фудбалерите на Рома го одржаа својот тренинг на „Олимпико“ со маички на кои пишуваше „Форца Шон“, во чест на навивачот на Ливерпул Шон Кокс, кој беше нападнат пред минатонеделниот меч во Англија при судирите на навивачите на двете екипи.
53-годишниот Кокс беше нападнат од членовите на ултрас-навивачките групи на Рома, и доби сериозна повреда на главата и уште е во медицински индуцирана кома во болницата „Волтон“. Играчите на Рома решија дека е потребно да му изразат поддршка.
Ова доаѓа откако претседателот на Рома, Џејмс Палота ги нарече хулиганските елементи меѓу навивачите на неговиот клуб „еб.ни морони“. Двајца навивачи на Рома се обвинети за инцидентот, но засега поголема загриженост предизвикуваат петте илјади фанови на Ливерпул кои утре ќе бидат во „вечниот град“.