Top Sport

Играчите од ЕУ нема да бидат странци во Србија

Фудбалерите со пасоши на земјите од Европската унија, наскоро во Србија нема да бидат третирани како странци, открил директорот на Фудбалскиот сојуз на Србија Владимир Матијашевиќ.

„Мислам дека четворица играчи со странси пасоши се доволни за секој клуб во Суперлигата. Црвена звезда со толку странци направи значајни резултати во Европа. Сепак, ние го потпишавме договорот за придружување кон Европската унија. Тоа значи дека ќе мора да го смениме ова правило. Играчите од ЕУ нема да бидат странци“, рекол за телевизијата „Арена спорт“, Матијашевиќ.

На прашањето на новинарот кога треба да се очекува новото правило да за почен да се применува, тој рекол.

„Набргу“.

Scroll to Top