Top Sport

Тебас: Големите клубови се себични ќе го уништат фудбалскиот екосистем

Првиот човекна шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, во интервју за агенцијата Ројтерс, рекол дека формирањето на Суепрлигата ќе го уништи фудбалскиот екосистем.

Изминатите месеци често се слуша дека најголемите европски клубови ќе се одвојат од УЕФА и ќе формираат Суперлига. Ваквата идеја ја поттикнала финансиската криза што ја предизвика пандемијата на коронавирусот. Според некои проценки клубовите ќе останат без 6 до 8,5 милијарди евра, кога работите ќе се нормализираат.

Тебас смета дека долгорочно, Суперлигата нема да им помогне на клубовите.

„Со или без пандемијата, оваа Суперлига, не само што ќе го уништи фудбалот во целост, односно ќе ги уништи националните првенства, туку ќе ги уништи и клубовите кои ја поддржуваат оваа идеја. Во краток рок ќе постигнат одреден успех, но долгорочно тоа ќе биде катастрофа. Клубовите не е се свесни дека радикални промени, каква што е ова, можат да имаат негативно влијание на среден и долг период“, рекол Тебас.

Во таа Суперлига од шпанските тимови треба да играат Барселона, Реал и Атлетико Мадрид. Барселона и Реал јавно и го поддржаа овој проект.

„Најдобро за фудбалот е да биде задржан овој екосистем. Имаме одличен систем во националните првенства и Лигата на шампионите. Тоа се стабилни проекти. Мораме да продолжиме да работиме според овој модел. Не можеме да си дозволиме радикални промени во актуелниот систем. Мораме да им пружиме заштита и сигурност на сите“, рекол Тебас и порачал.

„Време е да им кажеме: „Доста е!“, на клубовите кои само сакаат повеќе пари за себе и кои се подготвени да ги уништат националните првенства, Лигата на шампионите и историјата на европскиот фудбал. Мораме да ѝ кажеме „Не“ на себичноста“.

Scroll to Top