Болоња вчера, со голем пресврт, успеа да победи во Бреша. Екипата на Синиша Михајловиќ на полувреме имаше негатива (3-1), а на крајот успеа да победи (3-4).
Српскиот тренер не го водеше својот тим, тој во болницата во Болоња се лекува од леукемија. На полувреме тој бил лут, им испратил видео-порака на своите играчи. Бреша во 48 минута остана со фудбалер помалку, што на Болоња им го отвори патот до победата.
„Беше лут на полувреме, ни испрати порака. Се обидовме неговиот менталитет да го пренесеме на теренот. Благодарение на неговиот став одигравме ваков натпревар“, рекол искусниот Родриго Паласио.
По завршувањето на натпреварот играчите со клупскиот автобус најпрвин се упатиле кон болницата во која е сместен Михајловиќ. Не можеле да го видат бидејќи бил на терапија, поради што го поздравиле со песна под неговиот прозор.
Il #Bologna dopo la vittoria a Brescia è andato a trovare il suo allenatore, Sinisa #Mihajlovic, al Sant'Orsola.
La squadra ha fatto una sorpresa al tecnico serbo cantando il coro "dai Sinisa alè" e mettendo la sigla di "Scherzi a Parte" #ForzaSinisa pic.twitter.com/3XX1u1QO5C— Alessio De Giuseppe (@alessiodegiu) September 15, 2019