Top Sport

Ни крив, ни должен, Лукаку на мета на расист

Ромелу Лукаку повторно на својата кожа почувствува колку е распространет расизмот во Италија. Откако го навредуваа навивачите на Калјари, навреда иако новинарот тврдел дека била ненамерна доживеал и во емисијата „Топ Калчо 24“.

Новинарот Лучано Пасирани се посрамотил кога сакал да објаснил колку добар играч е Лукаку.

„Кога ќе го видите дека оди кон вас легнете на земја и првате се дека сте мртви. Можете да го застанете само ако му дадете десет банани“, рекол новинарот, кој потоа му се извинувал.

Штетата не успеал да ја намали ниту директорот на телевизијата Фабио Равецани, кој рекол дека станува збор само за несолена шега.

Сепак телевизијата објави дека новинарот Пасирани нема повеќе да гостува на програмите на оваа телевизија.

Scroll to Top