Top Sport

Играчите во Шпанија лути поради одлуката на Ла Лига: Тоа е наш приватен простор

Ла Лига сака да воведе камери во соблекувалните на сите клубови на сите стадиони и на тој начин да следи што се случува таму пред и по натпреварите, за да ја зголеми популарноста на натпреварувањето.

Идејата е гледачите да можат да следат буквално се што се случува пред натпреварите. Фудбалерите не ја поддржуваат оваа идеја на Ла Лига, а прв јавно се огласи голманот на Атлетик Билбао и шпанската репрезентација, Унаи Симон.

„Соблекувалната е нашиот приватен простор. Таа е само за нас, не е за јавноста. Таму се прават работи за кои не сакаме никој надвор од нашиот тим да знае. Знам дека многу играчи го делат тоа мислење. Тоа е нашиот приватен простор и не е правилно да се донесе таква одлука“, изјави Шпанецот.

„Не ми се допаѓа таквата одлука и знам дека нема да се чувствувам опуштено кога знам дека нè снимаат. На некого му текнало да стави камера таму. Тоа е мое мислење, но знам дека никому не му се допаѓа и не е во ред нашата приватност во соблекувалната да биде загрозена“.

Scroll to Top