Top Sport

Играчите во соблекувалната ги чекала порака од Покетино

Маурисио Покетино во вторникот го напушти Тотенхем. Аргентинецот го постигна најголемиот успех во историјата на овој клуб, кога минатата сезона играше финале во Лигата на шампионите. Сепак му пресудија лошите резултати во Премиер лигата оваа сезона.

Клубот веднаш реагираше и на местото на Покетино го донесе Жозе Мурињо.

Бидејќи настаните бргу се одвиваа, а некои од фудбалерите во вторникот се уште беа со своите репрезентации, Покетино не стигнал на се збогува со нив.

Сепак нашол начин да се прости со нив.„Сан“ открива дека тој им оставил порака во соблекувалната.

„Жал ми е што не можам да дојдам и да кажам догледање. Секогаш ќе бидете во моето срце“, им порачал Покетино.

Scroll to Top